|

Во чест на Војче Китановски

Сподели на:

Војче Китановски е еден од најпознатите македонски хумористи, роден е 1955 година во селото Крапа, Македонски Брод, а почина на 68 години во 2023 година.

Гимназија завршил во Кичево, а дипломирал на Шумарскиот факултет во Скопје, а подоцна се здобил и со лиценца за туристички водич.

Речиси целиот свој живот Војче Китаноски го посвети за да им го разубавува и развеселува животот на другите луѓе. Беше познат и омилен лик и во рамките на сите републики од поранешна Југославија. Од 1985 до 1991 година соработувал со легендарниот српски пејач Тома Здравковиќ и гостувал на стотици негови концерти на просторите на некогашна Југославија, а исто така настапувал и на концерти од Мики Јевремовиќ.

Китаноски издаде и две свои книжевни дела “Енциклопедијата за хумор” во која раскажува анегдоти за својот живот и „Антологија на 500 вицеви за деца“.

Во спомен на овој голем македонски хуморист следат неколку детски вицови од “Антологијата на 500 вицеви за деца”.

  • Зошто задоцни на првиот час – го прекорува наставничката Марко од трето одделение.– Наставничке, штом излегов од дома ме пресретна крадец и ме ограби.– А што ти украде?– Ми ја украде домашната работа!
  • Влатко, дали препишуваше ти од Саше?– Не, наставничке. Тој препишуваше од мене, но јас проверував дали точно напишал.
  • Малиот Томе сакал да стане ловџија и да се зачлени во ловечко друштво. Му рекле дека ќе го примат ако наброи пет животни.Томе размислува и вели:– Лисица, волк и три мечки.
Сподели на:

Слични Написи