| |

Религиозното богатство на Баја Маре

Сподели на:

Баја Маре, градот во регионот Марамуреш во Романија, се гордее со својата богата историја и разновидната религиозна архитектура. Многубројните преубави цркви освен што ја прикажуваат големата религиозна поврзаност на населението, се причина и за доаѓањето на верниците и туристите кои доаѓаат за да ги посетат овие убави верски храмови.

Фотографија од црквата „Света Троица“

Меѓу позначајните цркви во градот ќе ја издвоиме „Света Троица“ (Catedrala Sfânta Treime) која е зачудувачки барокен архитектонски бисер изграден од језуитите во 1766 година на местото на постара црква. Во оваа православна црква има импресивни оргули и може да прими околу 3.000 верници. Дизајнот ја прикажува трансилванската црковна архитектура со вклучени православни влијанија.

Фотографија од црквата „Успение на Пресвета Богородица“

Катедралатa „Успение на Пресвета Богородица“ (Catedrala Adormirea Maicii Domnului) e романска православна црква чиј камен темелник е поставен во 1905 година, а завршена е во 1911 година. Кратко служела како католичка катедрала пред да стане православна црква.

Фотографија од Стефановата кула

Стефановата кула се наоѓа на плоштадот Цитадела во Баја Маре. Висока e повеќе од 40 метри, изградена е во неоготски стил и е вистински симбол на градот.

Стефановата кула првично била камбанарија за црквата „Свети Стефан“, изградена е во 1347-76 година како единствена двокорабна црква во средновековна северозападна Трансилванија. Црквата (долга 50,6 м и ширина 19 м, со кораби долги 25 м), била осветена во 1387 година. Камбанаријата била додадена во 1446 година на југозападната страна на црквата. Започната е за време на владеењето на Јован Хуњади во чест на неговата победа над Османлиите во 1442 година во близина на реката Јаломица и завршена е во 1468 година под водство на неговиот син Матијас Корвин.

Наша новинарска екипа го посети овој романски град и ви подготви видео репортажа посветена на црквите во Баја Маре.

Видео репортажа:

Rumble видео канал:

https://rumble.com/v6sx3cv-churches-in-the-romanian-city-of-baia-mare.-.html

YouTube видео канал:

Сподели на:

Слични Написи