МАКЕДОНИЈА ПРАЗНУВА ВОДИЦИ: Илјадници верници се собраа на осветувањето на водите, светиот крст положен ширум земјата
Македонија денеска со огромна радост и вековна традиција го одбележа големиот христијански празник Богојавление – Водици. Илјадници граѓани се собраа крај македонските реки и езера за да присуствуваат на чинот на осветување на водите, а стотици храбри верници скокнаа во студените води по светиот крст.

Среќата ги следи најбрзите: Имињата на годинашните среќници
Ширум земјата, чинот на положување на крстот донесе возбуда и духовна исполнетост. Еве кои верници беа најсреќни во некои од местата низ Македонија:
- Скопје: 24-годишниот Дарко Митровиќ го извади чесниот крст од водите на реката Вардар. Тој беше најуспешен меѓу 160-те пријавени верници за централната манифестација кај мостот „Слобода“.
- Охрид: Традицијата продолжи во „Македонскиот Ерусалим“, каде Мартин Гоџо по трет пат успеа да го фати крстот во водите на Охридското Езеро. На настанот присуствуваа илјадници верници, а на Мартин прва му честиташе претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
- Битола: Светиот крст во рацете на 16 годишниот Христијан Бошевски кој го пронајде во осветените води во храмот „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола.
- Прилеп: Јордан Ангелески е 17 годишникот кој денеска беше најсреќен.
- Струга: Во водите на реката Црн Дрим, најбрз до крстот беше 24-годишниот Петар Чакарески.
- Куманово: Во соборниот храм „Св. Никола“, светиот крст заврши во рацете на Борис Стефановски.
- Крива Паланка: Наум Додевски го извлече светиот крст, симбол на радост и благослов за сите
- Тетово: 51-годишниот Јовица Илиески – Кара беше најсреќниот во црковниот базен на храмот „Св. Кирил и Методиј“.
- Гостивар: Оваа година Светиот и животворен Крст на Гостивар во рацете на најсреќенниот Бобан Симјаноски.











Пораки за мир и благосостојба
Сите победници, покрај традиционалните дарови од Македонската православна црква и локалните самоуправи, порачаа дека за нив најважно е здравјето, мирот и среќата за целиот македонски народ. „Чувството е неверојатно. Секоја година скокам со верба во Бога, а овој крст е благослов за моето семејство и за сите граѓани“, изјави еден од среќните верници по излегувањето од водите.
Бог се јави! – Навистина се јави!
Истражи ја Македонија 🇲🇰
Најди го најдоброто сместување за твојот следен викенд или одмор низ цела држава. 🏨 Види понуди низ цела Македонија
