|

Ѓорги Хасаноски го извади Светиот Крст од водите на Крушевското Езеро

Сподели на:

Голема бројка на верници присуствуваа на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление во Крушево. Денес МПЦ-ОА го слави настанот на Крштението Господово во реката Јордан и јавувањето на Троичниот Бог: Отецот и Синот и Светиот Дух. По тој повод Митрополитот Крушевски и Демирхисарски г. Јован, отслужи Света Архиерејска Василиева Литургија во храмот ,,Успение на Пресвета Богородица” во Крушево и изврши Голем Богојавленски водосвет над водите од Крушевското Езеро.

Крушевчани, но и многу туристи од други места кои го посетија Крушево беа дел од овој традиционален и значаен настан. Полагањето на чесниот крст во Крушевското езеро мотивираше голем број на верници да учествуваат во оваа свеченост. Најбрз и најсреќен од сите беше Ѓорги Хасаноски кој прв го извади Светиот Крст од водите на Крушевското Езеро.

Во продолжение можете да погледнете неколку фотографии од овој прекрасен христијански православен обичај.

Сподели на:

Слични Написи