Три вицеви за деца

Виц број 1:
Синот го прашува таткото:
Тато, дали знаеш кој воз најмногу доцни?
Таткото се мисли, па по некое време вели:
-Тој што вози од Скопје за Битола?
– Грешиш тато. Најмногу доцни возот што требаше да ми го купиш како поклон за Нова година
Виц број 2:
Мајката го прашува Давид:
– Ги знаеше ли сите прашања на тестот?
Ги знаев! – одговорил Давид.
– А, како тогаш доби единица?
– Па не ги знаев одговорите!
Виц број 3:
Ќерката прваче се врати од на училиште и одма почна да ѝ се фали на мајката:
– Мамо, денес научив да бројам до 5!
– Е, ајде да ми изброиш. – рече мајката.
– Два, три, четири, пет ! – изброи детето.
– А единицата, каде е, ја заборави?
– Не, не ја заборавив, единицата е кај наставничката и рече утре да појдиш кај неа за да ја видиш.
