ДЕНЕСКА Е СВ. КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА: Каде и како во Македонија се слави празникот на рамноапостолните цар и царица
Православните верници денеска го слават споменот на светите цар Константин и неговата мајка, царицата Елена. Поради нивните огромни заслуги за признавањето, заштитата и ширењето на христијанството, Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни – што значи дека по своето значење се рамни на Христовите апостоли. Царот Константин Велики спаѓа меѓу највлијателните личности во историјата…
