Виетнам победи на првото возобновено издание на Интервизија кое се одржа во Русија

Москва беше градот домаќин каде се одржа меѓународниот фестивал Интервизија кој претставува вистинска конкуренција на Евровизија. Интервизија се одржувала од 1965 до 1968 и потоа од 1977 до 1980 година, а годинава заради забраната на Русија да учествува на Евровизија повторно започна да се одржува Интервизија. Интересно е што учествуваа повеќе од 20 земји, меѓу кои Кина, Индија, Бразил, Белорусија, Србија, Куба, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Венецуела, Узбекистан и Мадагаскар. Фестивалот директно се пренесуваше во сите земји во кои вкупното население изнесува околу 4 милијарди луѓе, односно половина од вкупното население на нашата планета. Победничката песна ја испеа младиот пејач Дук Фук од Виетнам кој освои награда од 30 милиони рубли (360.000 долари). Киргистан заврши на второто место, а Катар беше трет.
Видео од победничката песна:
Организаторите на Интервизија не кријат дека се конкуренција на Евровизија и истакнува дека „Наспроти евровизискиот кич, Интервизија ќе промовира традиционални, универзални и семејни вредности“. Значајно е што песните на сите земји учеснички беа испеани на националните јазици од земјите учеснички. Второто издание на возобновената Интервизија ќе се одржи следната година во Саудиска Арабија.
Слушнете по 30 секунди од сите песни на Интервизија 2025:
