Солза и смеа доаѓаат во Пробиштип со најновата урнебесна комедија

Сподели на:

Од рубриката настани нашето внимание го привлече најавата за гостување на театарската група „Солза и смеа“ во Пробиштип. Ова е одлична можност за сите граѓани на Пробиштип да уживаат во најновото комично шоу, кое ПРЕМИЕРНО ќе биде изведено во овој град. Овој месец популарните тв ликови од “Солза и смеа” ја започнаа својата голема турнеја во над 10 градови во Македонија со нивната најнова урнебесна комедија, со која ги полнат салите низ македонските градови до последното место! Во Пробиштип доаѓаат на 12.02.2025 година (среда), а комичното шоу е закажано за во 19:00 часот во Домот на култура во Пробиштип (Големата кино сала) – сала која според очекувањата ќе биде претесна за да ги собере сите заинтересирани кои ќе уживаат во смеата на овие добро познати комични ликови. 

Нашата информативна екипа постојано ги следи нивните настапи во градовите низ Македонија, па затоа можеме со сигурност да кажеме дека каде и да се појават постои огромен интерес за овие популарни ликови. Побрзајте, билети за урнебесната комедија во Пробиштип може да си резервирате 24/7 на телефонскиот број 070 / 272 – 593. За два дена се продадени 60% од картите! Побрзајте, резервирајте си го Вашиот билет на време!! Цената на билетите е 250 денари.

Сподели на:

Слични Написи