Вицови за снаи, свекрви и други добри нешта

Свекрвата на својата нова снаа сакала да ѝ објасни кој каква позиција има во семејството и сметала дека најдобро тоа ќе го направи преку политички концепт, па ѝ рекла:
„Јас сум премиер и министер за финансии во домот, твојот свекор е министер за надворешни работи, син ми, твојот сопруг е задолжен за набавки, а ќерка ми е задолжена за планирање и развој. Ти кое министерство ќе го водиш?“ – ја прашала свекрвата снаата.
Снаата се насмевнала и ѝ одговорила:
„Па драга свекрво, јас ќе бидам лидер на опозицијата…“
—————————————————-
Дали некој знае како се викала свекрвата на Ева?
Таа немала свекрва! Заборавивте дека Ева живеела во рајот?
———————————————————
Еден ден си се шетаме со другарка ми низ паркот и кога гледаме 3 млади жени како да тепаат свекрва ми.
Другарка ми веднаш мѝ рече:
– Што стоиш? Нема да одиш и да помогнеш ?
– Зошто? Нема никаква потреба. Овие 3 се сосема доволни и ќе ја завршат работата како што треба.
——————————————————————————————
Свекрвата ѝ вели на снаата:
– Е снао, снао. Три деца му роди на син ми и ниту едно не личи на него.
– Јас да не ти личам на печатач или фотокопир. – одговори снаата.
———————————————————————————————
Новата година е како свекрва ти. Сакаш или не сакаш, таа пак доаѓа и ти ја пречекуваш!

Еден маж појде кај психолог на советување. После разговорот психологот му даде совет:
– Запомнете ноќе, сите ваши проблеми морате да ги оставите надвор пред вратата!
– Ама чекајте докторе, оти така ми велите? Нема шанси жена ми да се согласи да спие надвор пред врата.
—————————————————————————————————
– Тато, колку чинеше свадбата со мама?
– Сине, секој ден уште ја плаќам сметката, затоа не знам точно!

Жената не може веќе да издржи да го гледа мажот колку се дебелее секој ден и затоа му вели:
– Мора да преземеш нешто. Зошто не почнеш да трчаш?
– Затоа што ако почнам да трчам, никогаш нема да се вратам дома!

Рибар фати златна рипка, a рипката му рече:
– Пушти ме, ќе ти исполнам три желби. Само пред да посакаш нешто, морам да ти кажам дека кога ќе ти ја исполнам твојата желба, истата желба на баба ти ќе и ја дуплирам и двојно ќе и ја подарам истата работа.
Рибарот ја пушти златната рипка и веднаш ја кажа првата желба:
– Сакам најубаво БМВ во мојата гаража!
– Оди си дома, желбата ти ја исполнив. – му рече рипката.
Рибарот со трчање замина за дома и навистина таму имаше два прекрасни најнови БМВ автомобили.
Но, баба му почна да му се смее и ѝ вели на ќерка си:
– Ќерко затоа ти реков да не си будала и да не се мажиш за него. Тој е многу сиромашен. Еве и сега, тој има едно БМВ, а јас имам две.
Кога го слушна тоа, рибарот се налути многу и одма тргна кон реката, каде го чекаше златната рипка.
– Мојата втора желба е да имам најубава палата.
– Желбата ти ја исполнив. – му рече рипката.
Рибарот со трчање стигна дома и навистина не можеше да ја препознае својата стара куќа зошто сега на нејзино место имаше огромна бела палата. Рибарот почна да се радува, но одма од позади него се појави баба му која ѝ велеше на ќерка си:
– Леле, леле, леле, колку многу сиромашен е маж ти. Тој има една палата, а јас имам две.
Рибарот се налути премногу. Најбрзо што можеше стигна до реката и на златната рипка ѝ ја кажа својата трета желба.
– Сакам веднаш да добијам температура која ќе ми трае еден ден и ќе ми биде 40 степени.
