|

Приказна за животот на Свети Климент, учителот и првиот Словенски Епископ

Сподели на:

Климент Охридски е познат по тоа што ја има создадено кирилицата, која ја прави врз основа на грчката азбука но со модифицирани букви за прилагодување кон словенските фонетски карактеристики. Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско проветителски, Климент развил и богата книжевна дејност. Многу цркви, институции, училишта и здруженија го носат неговото име, а меѓу нив најрепрезентативни се Националната и универзитетска библиотека и Соборниот храм во Скопје, Универзитетот во Битола. Неговото име го носи и универзитетот во Софија. Во чест на св. Климент Охридски се доделува и државната награда за особени остварувања во воспитанието, образованието, културата, науката и здравството.Свети Климент Охридски е заштитник на градот Охрид. Преданијата раскажуваат дека секогаш кога над градот ќе се надвиснела некоја несреќа се јавувал духот на светецот и го спасувал градот од страдања.

Св. Климент бил ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на свети Методиј, Климент под притисок на Германците, од Моравија тргнал на југ. Со Горазд, Наум, Сава и Ангелариј – заедно наречени Петочисленици – го поминале Дунав, како гостин при царот Борис Михаил и потоа дошол во охридскиот крај. Прво основа манастир во Белица, каде му било и првото епископско седиште. Подоцна се преселил во Охрид и оттаму развил голема просветителска дејност за целата поблиска и подалечна околина. Во Охрид, свети Климент му подигнал црква на свети Пантелејмон. Имал голем број ученици кои ги препишувале книгите со словенски букви за словенскиот народ. При таа дејност особено му помагал свети Наум. Вршел чуда и за време на земниот живот, а неговите мошти до денешен ден пројавуваат исцелителна сила. По големиот труд и верната служба на Бога, се упокоил во Охрид, во 916 година. Неговите чудотворни мошти долги години почиваа во некогашниот храм на Пресвета Богородица, кој подоцна се нарече и свети Климент, а во 2002 година беа пренесени во обновената црква на Плаошник каде што почиваат денес.

Сподели на:

Слични Написи