Прилеп е градот кој мора да го посетат сите љубители на добрите автомобили

Овој викенд во Прилеп ќе се одржи долго очекуваниот 1st Car Show Brotherhood. Настанот ќе се одржи во недела на 18-ти мај на паркингот од „Кам Маркет“ во близина на „Могилата на Непобедените“. Настанот официјално започнува од 15:00 часот и ќе трае се до 21:00 часот. Организаторите очекуваат околу 150 возила од цела Македонија, а најавени се гости и од Србија.
Влезот за сите посетители на настанот е бесплатен. На настанот ќе се доделат 50 пехари во 20 категории, а како главна награда ќе биде доделено Car Of The Show.

Подготвено е и мало изненадување за возило кое не може да се забележи на македонските улици секојдневно, а засега само ќе откриеме дека станува збор за брендот Lamborghini. За овој настан да биде успешно реализиран и збогатен со повеќе награди и наградни игри со доделување на ваучери се погрижија повеќе спонзори на кои организаторите од Автомобилскиот клуб Brotherhood oд Прилеп им се заблагодаруваат.
Спонзори на 1st Car Show Brotherhood:



















Видео промоција:
Facebook: https://www.facebook.com/share/r/16gBqJ6mN2/
Instagram: https://www.instagram.com/reel/DJr5hu_oO76/?utm_source=ig_web_copy_link&igsh=MzRlODBiNWFlZA==
YouTube:
