Убав настан се одржа во ООУ „Добре Јованоски” во Прилеп по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Во пресрет на трети декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, денес во ООУ „Добре Јованоски“ се одржа прекрасен спортски настан организиран во духот на еднаквоста, заедништвото и инклузијата – „Спорт, тим, инклузија“, во организација на Здружението Центар за развој и едукација Прилеп.

Настанот беше исполнет со радост, тимска игра и позитивна енергија, кој уште еднаш покажа дека различностите нè прават посилни, а инклузијата е вредност што секојдневно треба да ја негуваме.

На настанот присуствуваше претседателката на Советот на Општина Прилеп, заедно со членови на Советот, наставници, директори на училиштата и директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Прилеп, кои дадоа силна поддршка на сите учесници.

Денешниот настан е порака дека секое дете, секој млад човек и секој наш сограѓанин има право на рамноправно учество, спорт и развој и дека инклузијата е наша заедничка обврска.Вашата поддршка е најголем мотив за сите деца и млади да продолжат да растат, да се развиваат и да веруваат во себеси.

