|

Во Битола се одржа информативна сесија за Креативна Европа

Сподели на:

Канцеларијата за Креативна Европа при Министерството за култура и туризам денеска во Битола одржа информативна сесија.

Настанот се одржа во „Europe House“, со цел поблиску да се претстават актуелните и претстојните повици од програмата „Креативна Европа“ – компонентите „Култура“ и „МЕДИА“.

За време на сесијата, учесниците дознаа информации за отворените конкурси, условите и можностите што ги нуди програмата, како и практични совети за процесот на аплицирање.

Настанот го привлече вниманието на претставници на организации, уметници и професионалци од културните, креативните и филмските индустрии.

Сподели на:

Слични Написи