Голем стендап спектакл во Охрид: Никола Тодороски слави 15 години кариера со шоуто „Опстанок“

Охрид ќе биде центарот на хуморот и доброто расположение. Популарниот комичар Никола Тодоровски подготвува вистински стендап спектакл под отворено небо, одбележувајќи значаен јубилеј — 15 години успешна стендап кариера.
Настанот ќе се одржи на 13 август 2026 година на Градскиот стадион „Билјанини извори“ во Охрид, каде што публиката ќе има можност да ужива во специјалното издание на неговото препознатливо шоу „Опстанок“.
Богата програма и специјални гости
Вечерта ветува комплетно забавно искуство од самиот почеток. За подигнување на атмосферата од самиот старт ќе се погрижи DJ FACE, по што публиката ќе ја загрее Никола „Братучед“ Сиљаноски. Како специјални гости на сцената ќе застанат и добро познатите Тино и Атанас, кои дополнително ќе ја загреат публиката пред главната точка.
Кулминацијата на вечерта е резервирана за Никола Тодоровски, кој ќе изведе час и половина интензивна комедија исполнета со многу енергија и препознатлив хумор.
- Датум: 13 август 2026 година
- Локација: Градски стадион „Билјанини Извори“ – Охрид
- Отворање на врати: 20:00 часот
- Почеток на шоуто: 21:00 часот
Информации за билети и сместување
Цената на влезниците изнесува 700 денари. Билетите се веќе пуштени во продажба и можете да ги набавите онлајн преку платформите на www.tix.mk или со телефонска резервација на 075 283 066.
Важни напомени за посетителите:
- Сместувањето на стадионот се одвива по принципот „прв дојден – прв услужен“, па се препорачува пристигнување навреме.
- Настанот содржи хумор за возрасни и не се препорачува за лица под 16 години.
