Во Крушево се одбележаа 15 години од отворањето на Спомен куќата на Тодор Проески
Денес во Крушево, во спомен куќата на Тодор Проески, свечено се одбележаа 15 години од нејзиното отворање. Овој значаен јубилеј беше проследен со пригодна програма во чест на ликот и делото на нашата музичка легенда. По тој повод настапија ученици од Државното музичко-балетско училиште „Илија Николовски-Луј“ од Скопје, кои со своите изведби внесоа посебна емоција…
