Детска музичка бајка – свет каде музиката станува магија!

Драги родители, баби, дедовци и најмали љубители на музиката и бајките,
Ве покануваме на едно незаборавно доживување каде фантазијата и музиката ќе се спојат во волшебна хармонија.
🎵 „Детска музичка бајка“ 🎵 – музички настан кој ги буди најубавите детски соништа и го исполнува срцето со радост!
Во оваа музичка авантура, децата ќе уживаат во:
✨ Настапи на талентирани детски изведувачи од цела Македонија кои ќе ги воодушеват со своите весели гласови.
🎭 Детски песнички кои ќе Ве пренесат во светот на децата, а тоа е место каде се исполнуваат сите човечки желби.
Ќе има пеење, играње, смеа и сè што го прави детството најубавиот дел од животот.
Овој настан е создаден со љубов за децата – да се чувствуваат како јунаци во своја музичка бајка, да се изразат, да се забавуваат и да создадат спомени кои ќе ги носат долго во срцето.
📅 Датум: 26 Jули 2025 година (сабота)
🕓 Време: 20:00 часот
📍 Локација: Градски парк во Крушево
🎟 Влез: Бесплатен
👨👩👧👦 На настанот се добредојдени деца од сите возрасти, како и сите кои сакаат да уживаат во чиста, детска среќа.
Настанот го организира Здружението за локален развој „Академик“ од Крушево, а поддржувач на настанот е Општина Крушево.
🎉 Да ја испишеме заедно најубавата музичка бајка!👉
Дојдете да пееме заедно!
🎤 Ви ветуваме – ова ќе биде убав ден за паметење!
