Златна бубамара на популарноста 2025

Денес во арената „Борис Трајковски“ во Скопје по 28-ми пат ќе се одржи најпопуларната македонска манифестација „Златна бубамара на популарноста“. Ова е манифестација која сите овие години успева на едно место да ги собере најзначајните личности од културно-забавниот и спортскиот живот со цел да ги промовира најзначајните настани во претходната година. Годинешното мото е: „Вештачка интелигенција за владата – природна забава за народот“.

Организаторите на Златната бубамара истакнуваат дека исклучиво само со употреба на природна интелигенција и изворен талент, ќе се потрудат да ѝ направат “апгрејт” на публиката со убавина, смеа и задоволства кои може да нѝ ги овозможат најпопуларните уметници и општонародни миленици.
Додека се подготвуваме да ги трошиме парите од најновиот унгарски кредит, Златна бубамара ќе ни овозможи да бидеме ЕМ РАСПОЛОЖЕНИ – ЕМ ЗАДОЛЖЕНИ!
Од организацијата на Златната бубамара на популарноста најавуваат уште еден незаборавен спектакл кој точно ќе започне во 20 часот и 5 минути, а оваа година ќе трае само 3 часа. Најавено е учество на околу 100 учесници од земјата и од регионот.
Фотографии од минатите изданија на „Златна бубамара на популарноста“:



