|

Крушево и Охрид почнуваат два нови големи прекугранични проекти со Албанија

Сподели на:

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со евроамбасадорот, Михалис Рокас, Еридана Чано, генерален директор на SASPAC, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, во Охрид го означија почетокот на два нови прекугранични проекти со Албанија, одобрени во рамките на првиот повик на ИПА III програмата.

Вкупна вредност на двата проекта: 1.629.204 евра.

Министерството за локална самоуправа обезбедува 15% национално кофинансирање за:

  1. Проектот „Волонтери во акција за безбедност на луѓето и заштита на природата“ кој е во рамките на тематски приоритет 1 – Заштита на животната средина и подигнување на отпорноста на регионот
  2. Проектот „Крушево и Елбасан – патување низ природата и авантурата“ кој е во рамките на тематски приоритет 2 – Развој на одржлив туризам и заштита на природното и културното наследство.

Покрај тоа, потпишан е Договорот за техничка помош за Програмата за прекугранична соработка со Албанија во висина од 500.000 евра.

Со овие прекугранични проекти се очекува овие два македонски града да се развијат дополнително и да прераснат во атрактивни места за живеење и работа.

Овој успех не би бил можен без посветената работа и ангажманот на сите вработени во општините Охрид и Крушево, како и на останатите лица и тимови кои во изминатиот период работеа на подготовката и аплицирањето на овие значајни прекугранични проекти. Нивниот придонес, а и придонесот на градоначалниците е клучен за успешното искористување на средствата од ИПА III програмата. Ова е само уште еден доказ дека кога заеднички ќе ги вложиме идеите и со искрен пристап ќе работиме кон развојот на нашите места за живеење, тогаш успехот ќе биде неизбежен и животот на сите граѓани ќе стане поквалитетен, со нови можности за развој и соработка.

Сподели на:

Слични Написи