Раџастан: Земја на кралевите

Името „Раџастан“ значи „земја на кралствата“, а ова име го носи најголемата по површина индиска сојузна држава, во која живеат околу 70 милиони луѓе и со оваа бројка на население е 8 сојузна држава во Индија која вкупно има околу 1 милијарда и 430 милиони жители.
Историските приказни за битките што се воделе и романсите на богатите ги красат ѕидовите на оваа земја која се вбројува во најпосетените туристички дестинации во светот. Оваа земја е дом на големата индиска пустина Тар, како и реката Шамбал, која е единствениот извор на вода во регионот. Патната мрежа е многу добра и постојано се подобрува, а голема е бројката и на луксузни хотели кои нудат убави услови за сместување. Во прилог на ова тврдење е и фактот дека читателите на светски познатите Travel + Leisure го избраа хотелот Leela Palace Udaipur за најубав на целиот свет. Се работи за одморалиште кое се наоѓа покрај езеро во Раџастан, Индија. Хотелот има 72 соби и 8 станови, како и неколку ресторани и спа центар. Погледнете како изгледа престојот во ова неверојатно место. Фотографиите кои следат се токму од овој хотел и се доказ за неговата убавина и раскош:



Оваа земја е шарена мешавина од огромни тврдини, прекрасни палати, различни култури, одлична кујна и срдечни луѓе. Тврдини, храмови, палати, дворци и скалести бунари – тоа се само еден мал дел од глетките кои ќе ги сретнете таму. Секој град во Раџастан е означен со специфична боја и секој од овие шарени региони е опкружен со прекрасни архитектонски зданија. Било да се розовите нијанси на Џајпур, кралското сино на Џодпур или златниот сјај на Џајсалмер, градбата на секој град е украсена со специфична архитектура.

Џајпур – розовиот град во Индија
Што се однесува до храната, туристите велат дека јадењата се многу вкусни. Најбарано е традиционалното јадење далбатичурма (варена леќа дал со бесквасни бати плескавици), лал манс и сенф манс (овчко месо во црвено-бело кари), ласункичатни (многу зачинет сос од лук и црвено чили).
Видеа за подготовка на традиционална храна во Раџастан:
