Обичаи поврзани со празникот Благоец (Благовештение)

Сподели на:

Денес, седми април, христијанските верници го слават Благовештение – денот кога Архангел Гаврил ја известил Дева Марија дека ќе го роди Синот Божји Празникот Свето Благовештение меѓу народот е познат и како Благовец, Благоец…Се смета за тежок празник и затоа не треба да се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица…Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки.Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.Затоа првото нешто што треба да го направите тоа утро – бакнете ја мајка ви!

Оние кои сакаат да имаат деца да одат во црквите и манастирите, кај иконите посветени на Благовештение и да се помолат. Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Се верувало дека на овој ден жените не треба да се чешлаат. Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.

Сподели на:

Слични Написи