МЕСТО КАДЕ СЕКОЈ ВАШ ПРЕСТОЈ Е НАЈУБАВАТА ПРЕТСТАВА ВО КОЈА СТЕ ИГРАЛЕ
Хотел Театар е нов, градски хотел, изграден во стил на националната архитектура, лоциран во самиот центар на Битола. Располага со 10 соби, од кои 7 twin or double, 2 двокреветни (со брачен кревет) и една трикреветна соба.
Вкупен капацитет од 38 do 43 легла.
Во хотелот има централно греење и ладење, а во апартманите се користат клима уреди.
Рецепцијата на хотелот работи 24h дневно.
Под ист кров со хотелот функционира и Интимен театар, прв независен, приватен театар во Македонија со сопствен простор, со редовен репертоар. Истиот простор на театарот, со површина од 100м2, може да се користи како повеќенаменска сала – за состаноци, конференции, предавања итн.
Во склоп на просторот на хотелот можеме да организираме за Вас и оброци (ручек/вечера) со кетеринг услуга. Хотел Театар е мал, семеен хотел, кој со својот амбиент, услуги, но и флексибилност, сака да понуди квалитет повеќе кон своите клиенти.
Вклучено во цена:
Бесплатен затворен паркинг на сопствена парцела на оддалеченост од само 75 метри од хотелот.
Минибар
Телефон во сите соби
Греење и ладење: клима уреди
🚿Купатило
🚽Тоалет
🖥️LED TV
🛜Безжичен Wi-Fi интернет
Дополнителни информации:
Хотел Театар е надалеку познат и по својата шоу кујна (show kitchen). Во склоп на хотелот има и фурна. Фурната, претставува посебна атракција како за домашните, така и за странските гости. Можноста да учествуваат во приготвувањето на хранaта е доста привлечнa, особено во делот за припрема на домашни пити и леб.
Уште еден доказ за уникатноста на ова место е понудата за раскажување на приказни, од периодот на ХХ век, за време на заедничкото готвење.
Раскошните „мадам’’ одела, ги креиравме по модата на ала франга и даваат посебна круна на приказната. Туристите возбудливо ја играат улогата во времето на ,,La Belle Époque’’.
За гостите од дијаспората, ова претставува еден времеплов, ги доживуваат спомените од нивното детство и она како нивните баби и дедовци живееле во минатото.
Пристигнување (Check in): oд 14:00 до 15:00 часот.
Заминување (Check out): 12:00 часот
Дознајте повеќе:
Facebook: facebook.com/HotelTeatar
Instagram: instagram.com/hotelteatar
Видео:
Цена:
Цената е по договор.
















































