|

Почнете го денот со насмевка

Сподели на:

– Ало, дали е тоа радио станица?
– Да, кажете.
– Најдов паричник со 3000 евра, 1200 долари и 5000 денари. Внатре има и возачка дозвола на име Петар Трајчески.
– И…?!
– И сега сакам да го поздравите Петар со една песна од мене…

Во некое македонско министерство снемало струја, па министерот се појавил пред службениците.
– Денес сè ќе правите рачно – им наредил.
И тогаш сите извадиле по еден шпил карти.

Премиерот на македонската влада си оди накај дома, и од мракот изрипува крадец кој му става пиштол на глава и му вели:
– Дај ми ги твоите пари!
– Господине, јас сум претседател на владата на Република Македонија! – му рекол нашиот премиер.
– Е па, во тој случај, врати ми ги парите!!!

Што помислуваат и што прават европјаните кога ќе почувствуваат дека ги вртат колената?

Французите: Веднаш одат на лекар.

Германците: Веднаш одат на лекар.

Австријците: Веднаш одат на лекар.

Македонците: Аааа, ова значи дека ќе врне.

Заклучок: Македонците секогаш се во право.

Xоливудска актерка му се обраќа на сопругот:

– Побрзај Џон, твоите и моите деца се степаа со нашите!

Млад брачен пар веќе немал од што да живее, па жената се одлучила на проституција. После првата ноќ се вратила дома со 102 евра.
Мажот: Па не е лошо за прв пат, но која будала ти дала 2 евра?
Жената: Е па, две по две се собраа.

Се враќа маж од службен пат и го прашува 5-годишниот син:
– Додека ме немаше, дојде ли некој чичко на гости?
– Неееее!
– А, чоколадо ти даде ли?
– Даааааа…

Сподели на:

Слични Написи