Кинески Ѕид – најголема градба на светот

Кинескиот Ѕид, или Големиот Ѕид, е многу повеќе од само еден ѕид. Тоа е колосален систем на одбранбени утврдувања изграден низ илјадници години, составен од многу поединечни ѕидови, бедеми, караули и тврдини, кои се протегаат низ различни провинции во Кина.
Изградбата започнала уште во 7 век п.н.е., а најголемиот дел од она што го гледаме денес е изграден за време на династијата Минг (1368-1644 н.е.). Целта била да се заштити Кинеската империја од инвазиите на номадските племиња од север.
Меѓу сите гигантски градби на светот, големиот Кинески ѕид е далеку најголем.

Просечната висина е 10 метри, а ширина 9 метри.
Иако заради постојаното откривање на нови делови, точната должина не може да се утврди, сепак се проценува дека вкупната должина е околу 21 000 км.
Во изградбата се користеле камења од локалните наоѓалишта. Во меѓувреме станува симбол на национално единство и најголема кинеска туристичка атракција.
Ова познатото туристичко место секоја година го посетуваат околу 10 милиони туристи. Најпосетени се деловите од ѕидот околу Пекинг. Од 1987 година ѕидот е под заштита на УНЕСКО, а во 2007-ма е вброен меѓу 7-те нови светски чуда.
Кинеските власти имаат донесено закон кој забранува вадење цигли, камења и градење куќи во близина, со цел да се зачува ова неверојатно богатство.
Видео:
