|

Колку килограми тоалетна хартија троши еден човек годишно?

Сподели на:

Иако реално бројката на потрошувачка на тоалетна хартија зависи од хигиенските навики на секој човек и неговата здравствена состојба, сепак интересна математика може да се направи во поглед на просечната потрошувачка на тоалетна хартија за еден човек или едно семејство. Статистички пресметано просечно лице користи околу 8-9 листови по одење во тоалет.

Ако лицето оди во тоалет околу 5 пати на ден, тоа се приближно 45 листови на ден. Доколку просечната дневна потрошувачка се помножи со 365 дена во годината ќе добиеме бројка од околу 16 000 листови тоалетна хартија во текот на една година. Со просек од 160 листови по ролна, тоа се околу 100 ролни годишно.

Колку килограми тоалетна хартија се 100 ролни?

Типична ролна тежи околу 100–130 грама (вклучувајќи ја и внатрешната картонска цевка).

Во нашите пресметки ќе користиме средна вредност од 120 грама по ролна.

Претходно пресметавме дека просечно лице користи околу 100 ролни годишно.

Од тука може да се пресмета вкупната тежина на потрошената тоалетна хартија на годишно ниво: 100 ролни × 120 грама = 12 000 грама

12 000 грама = 12 килограми

Заклучок: Едно лице приближно троши 12 килограми тоалетна хартија годишно.

Колку килограми тоалетна хартија годишно троши едно 4 члено семејство?

Веќе спомнавме дека еден човек годишно троши околу 100 ролни тоалетна хартија, што значи дека 4 членото семејство заедно ќе потроши 400 ролни годишно. Ако едно лице годишно троши околу 12 килограми тоалетна хартија, тогаш за 4 члено семејство пресметката е едноставна:

4 лица × 12 кг = 48 килограми годишно

Знаејќи го овој податок, со делење на оваа бројка на годишно ниво со бројот на месеци можеме да ја пресметаме и месечната потрошувачка:

48 кг : 12 месеци = 4 килограми месечно тоалетна хартија троши 4 члено семејство.

Заклучок: Едно четиричлено семејство секој месец троши по 4 килограми тоалетна хартија, односно секоја година приближно користи 48 килограми тоалетна хартија.

Сподели на:

Слични Написи