Мапа на Европа со најчестите имиња за бебиња
Многу интересна мапа со имиња кружи европските социјални мрежи, а на неа се прикажани резултатите од едно истражување за најпопуларните имиња кои им се даваат на бебињата во последните години.
Имињата со верско значење моментално доминираат речиси низ целиот свет, а тоа се однесува и на Европа. Изведенките Марија, Мари и Миа кои потекнуваат од хебрејското Мириа, се најпопуларни имиња во 17 земји.
Мапа на Европа со најчести женски имиња на бебиња

Кај женските бебиња Јана е доста популарно женско име во Македонија и многу често се среќава. Се користи низ целата земја и е дел од традиционалните македонски имиња. Најчесто се смета дека е кратка форма од имињата Јована или Јулијана, кои имаат хебрејско, односно латинско потекло. Исто така доста популарни се и две други слични верзии на името Јана, а тоа се имињата Јована и Јулијана. „Бог е милостив“, тоа е значењето на името Јована, а Јулијана е поврзано со римскиот клан Јулиј и може да значи „млада“, „мека коса“. Затоа, Јана често се толкува како „Божја милост“ или „млада“.
Мапа на Европа со најчести машки имиња на бебиња

Александар, Лео и Ноа се машките имиња кои често им се даваат на бебињата во Европа. Во Македонија Лука е името кое се користи многу често кај машките бебиња. Изведено е од грчкиот збор „лукс“ што значи светлина, сјај, блескавост, ден, нешто што сјае.
Но, така често се означувале и жителите на Луцијана, област во Италија, кои се нарекувале Луканци. Заради овие 2 различни верзии не може со сигурност да се утврди дали името Лука потекнува од латинскиот или од грчкиот јазик, но со сигурност се знае дека е поврзано со христијанската религија.
