Македонската ракометна репрезентација денес ќе игра против Австрија

Сподели на:

На Светското првенство 2025 започнува главната фаза.

Во рамките на оваа фаза, Македонија денеска со почеток во 15:30 часот ќе игра против Австрија. Во следните денови избраниците на нашиот селектор Лазаров ќе играат и против репрезентациите на Катар и Франција, а токму Франција е една од земјите кои се вбројуваат во кандидатите за освојување на првото место, односно златото на ова Светско првенство во ракомет.

Во групната фаза влегуваме без бодови и затоа е многу значајно на денешниот натпревар да издвојуваме победа.

Освен главната фаза денес ќе почнат и натпреварите за пласман од 25 до 32 место, а тие ќе играат во таканаречен „Президент Куп“. И овие натпревари почнуваат денес во 15:30 со натпреварот помеѓу Кувајт и Гвинеја.

Распоред на денешните натпревари на СП:
15:30 МакедонијаАвстрија

15:30 Кувајт – Гвинеја
15:30 Швајцарија – Тунис
18:00 Чешка – Италија
18:00 Катар – Холандија
18:00 Полска – Алжир
20:30 Данска – Германија
21:00 Унгарија – Франција

Сподели на:

Слични Написи