| | | |

„Весел Петок“ во Битола: Традицијата на Источен Петок – Балаклија продолжува во Јенимаале

Сподели на:

Во битолската населба Јенимаале и оваа година се одржува тридневниот фестивал „Весел Петок“, со кој традиционално се одбележува празникот Источен Петок – Балаклија, познат меѓу граѓаните и како Градски – Селски Велигден.

Фестивалот, кој е посветен на детскиот фолклор и зачувувањето на народната традиција, го организира КУД „Илинден“. Настанот претставува спој на културно наследство, детска радост и фолклорно богатство.

Програмата започна вчера во малото училиште при ОУ „Даме Груев“, а продолжи денеска со свечено дефиле низ населбата Јенимаале, по што следуваше културно-уметничка програма на долното средсело. На настанот присуствуваа градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, како и претседателот на Советот, Бојан Бојкоски.

Организаторите порачаа дека фестивалот има за цел да ја негува љубовта кон народната култура и да создава трајни спомени кај најмладите.

Детски ора ќе се заиграат и пред Офицерскиот дом во Битола, каде ќе настапат културно-уметнички друштва од земјава и од странство.

Во рамки на фестивалот битолскиот градоначалник организираше и прием на гостите во просториите на Општина Битола.

Сподели на:

Слични Написи