Потекло на името на градот Струга

Сподели на:

Градот Струга е еден од најубавите македонски градови кој се наоѓа покрај бреговите на Охридското Езеро. За прв пат името се спомнува во 11-от век. Во документ од 16-ти век (Калимановата грамота) е дадена царска повелба „приходите од рибното ловиште на градот Струга да се испраќаат на Зографскиот манастир“. Античкото име на градот е Енхалон, а на старогрчки означува јагула.

Освен ова тврдење има две народни верувања за потеклото на името на овој град кои се повразни со словенскиот јазик. „Струга означува место каде што постојано струже (дува) ветер“ – ова е првото народно верување.

Според второто народно верување, во минатото македонските Словени (Брсјаци и Мијаци) кои живееле во струшката област се занимавале со сточарство и во точно определено време ги дотерувале многубројните овци на стриг (стрижење волна) во близина на истекот на реката Црн Дрим од Охридското Езеро. Тоа може да се поврзе со преминот низ ограда за молзење овци, наречен струга (страга, стронга).

Има автори кои тврдат дека градот е наречен така заради тоа што реката Црн Дрим минува низ далјаните, а овој збор има турско потекло и означува место заградено со трски и друг материјал за лов на јагули и риби.

Уште една претпоставка тврди дека Струга значи речен ракав, притока (во случајов истек на реката Црн Дрим) и тоа на место со уреди за наменети за риболов.

Видео за Струга:

 

Видео за Струга:

Rumble видео канал:

YouTube канал:

 

Сподели на:

Слични Написи