Народни обичаи поврзани со празникот Свети Јован Крстител

Денес на 20-ти јануари, Православната црква и нејзините верници го слават еден од најголемите и најважните светци – Свети Јован Крстител.
Овој светител го слават голем број луѓе, затоа што како светец е познат по својата чистота, морал и Божјата одлука да го изврши чинот на крштевање на Исус Христос.
Постои верување дека на денот на Свети Јован, ако е можно верниците не треба да земаат нож во рацете, во спомен на страдањето на Јован, но исто така не треба и да работат некоја тешка работа.
Верниците, без оглед дали се православни или католици, многу често им го даваат името на Јован на своите деца. Православните го слават крштевањето на Свети Јован, а католиците обично го слават денот на името.
Јован Крстител се смета за заштитник на пејачи, музичари, кројачи, кожари, волшебници, сопственици на гостилници, производители на ножеви, брусилки, одгледувачи на птици…
