Три вицови за поубав ден

Сподели на:

Виц број 1:

Под итно донеле една влаинка во брзата медицинска помош. Кога ја видел докторот веднаш ја прашал:
– Пак вие дојдовте? Вчера ве спасивме затоа што сте јаделе отровни печурки, а денеска што се случи?
– Истото е, докторе. Останаа од вчера неколку печурки, па си реков да не ги фрламе.

Виц број 2:

Трајче, зошто не дојде вчера на училиште? – праша учителката.

– Не можев учителке. Славевме дома, затоа што добивме нов член на семејството.

– Штом е така, оправдано е. Братче или сестриче си доби?

– Татко си добив! Мама се омажи по четврт пат.

Виц број 3:

Еден дедо богаташ му рекол на докторот:
– Докторе, јас имам сè. Имам многу пари, куќи, викендици, мотори…но сето тоа ми е за џабе, затоа што жена ми не може да забремени.
– Колку години има таа?
– 24.
– А вие, колку години имате?
– 69 години.
– И велите дека вашата млада жена не може да остане трудна?
– Да, така е!
– Слушајте ме сега. Ќе појдете на море со жена ви, а за друштво ќе си земете и некој помлад асистент. Одморете заедно неколку дена. Морска вода, чист воздух, на море сè може да се случи!
Поминале 3 месеци и еве го дедото се враќа кај докторот, ама весел и со шише најскапа ракија во рацете.
– Повелете докторе, ова е мој поклон за вас. Одлично ме советувавте. Навистина жена ми е бремена.
– Супер! – со насмевка одговорил докторот. А што се случи со младиот асистент, ви помогна во патувањето? – прашал докторот.
– Знаете докторе…како да ви кажам. Зедов асистентка, а сега и таа е бремена. Навистина морето правело чуда.

Сподели на:

Слични Написи