|

Денеска е Св. Атанасиј Велики (Летен): Заштитникот на домовите и борецот за православието

Сподели на:

Православните верници денеска го слават споменот на Свети Атанасиј Велики, еден од најзначајните светители во христијанскиот свет, познат како бескомпромисен борец за вистинската вера.

Зошто го славиме двапати? Црквата му посветила два дена во годината:

  • 31 јануари: Зимски Атанасовден.
  • 15 мај: Летен Атанасовден (денот кога се празнува пренесувањето на неговите свети мошти).

Животен пат и подвизи Роден во Александрија во 296 година, Атанасиј уште од дете бил посветен на Бога. Дел од младоста поминал во пустина со Свети Антониј Велики, по што станал архиѓакон. На Првиот вселенски собор блеснал со своето говорништво и познавање на Светото писмо, по што бил избран за архиепископ на Александрија.

Поради својата цврста верба, поминал дури 20 години во прогонство, протеруван четири пати од различни цареви. Се упокоил во 373 година, оставајќи зад себе огромно духовно наследство.

Кој слави именден? Свети Атанасиј е заштитник на многу македонски семејства. Денеска именден слават: Атанас, Атанасија, Тане, Насте, Танас и нивните изведени имиња.

Видео: https://www.facebook.com/share/p/17Wwx28tWf

Сподели на:

Слични Написи