|

Апартмани Хестиа Берово – Ваша нова омилена дестинација

Сподели на:

Во Источна Македонија, покрај мирното планинско езеро и опкруженo со густи борови шуми се наоѓа прекрасно место кое го заслужува Вашето внимание. Апартманите Хестиа постојат за да Ви овозможат мир, спокој и моменти на среќа додека уживате во прошетките низ чистата малешевска природа. Доволно е само еднаш од апартманите да го погледнете мирното Беровско Езеро и веднаш ќе ви стане јасно зошто ова место e една од најпосетените македонски туристички дестинации.

Хестиа располага со:

– Два апартмани кои се опремени со брачен кревет и тросед во дневниот престој. На располагање гостите имаат и сопствена кујна.

– Eден апартман комфор кој е најголем и има посебен излез во дворот. Овој апартман е со сопствена кујна која е целосно опремена.

– Две двокреветни соби, од кои првата е опремена со брачен кревет, а во втората има два кревети.

– Две студиа кои се опремени со брачен кревет, двосед на преклоп и чајна кујна.

За дружење помеѓу гостите е наменета заедничката просторија во која истовремено можат да престојуваат 20-тина лица. Чувствувајте се како дома додека ја користите комплетно опремената кујна или се одморате на летниковецот додека го печете вашето омилено јадење на скарата на плин или скарата на дрва кои можете слободно да ги користите. Децата се најважни и затоа од Хестиа само за нив уредија убаво катче каде тие може безгрижно и безбедно да си играат во детската куќичка и лулашките.

Вклучено во цена:

🚿Купатило

🚽Тоалет

🖥️Кабловска телевизија

🛜Безжичен Wi-Fi интернет

👩‍🍳Мини кујна

🔥Греење

Cartoon Grill Images - Free Download on FreepikСкара и опрема за скара

Цена:

Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања.

Дополнителни информации:

Вкупниот капацитет за сместување е за 18 лица.

Сите апартмани и студиа имаат посебни тоалети и тераси. Тераса нема само собата со брачен кревет. Студиата и апартманите имаат посебни чајни кујни. Не е дозволен престој на домашни миленици, освен во временски периоди кога нема преголема посетеност. Обезбеден е бесплатен паркинг простор. Постелнината и крпите редовно се менуваат на секои четири дена, а доколку има потреба се менуваат и побрзо. 

Сместување (Check-in): по 14:00 часот.

Заминување (Check-out): до 11:00 часот.

Дознајте повеќе:

– Интернет страница: http://www.berovohestia.mk/
– Фејсбук: https://www.facebook.com/BerovoHestia
– Инстаграм: http://www.instagram.com/berovohestia

Фотографии

Сподели на:

Слични Написи