|

Нагло се зголемува бројот на велнес одморалишта во светот

Сподели на:


Современиот начин на живот, кој се карактеризира со напорни работни распореди и постојана дигитална поврзаност, доведе до зголемени нивоа на стрес. Заради таа причина луѓето се повеќе имаат потреба од тивки и мирни места на кои ќе можат да се опуштат и да се релаксираат. На овој начин всушност луѓето сакаат да си посветат грижа сами на себеси и да се одморат од напорното секојдневие.

Оваа потреба кај луѓето ги мотивираше туристичките експерти во светот да смислат понуди кои ќе стават акцент на здравиот начин на живеење. Како резултат на тоа се отворија голем број на велнес одморалишта кои најчесто се наоѓаат во рурални места, среде шумските предели и езерските или морските брегови. Во секој случај како локации се избираат места каде нема голема фрекфенција на луѓе и нема метеж во сообраќајот.


Од земјите кои предничат во ова поле ќе ја спомнеме Индонезија која го претвори Бали во светски позната дестинација за велнес одмори, каде има многу туристички понуди фокусирани на јога, медитација и традиционални балиски практики за исцелување.

Тајланд е уште една прекрасна дестинација во која доминираат спа третманите. Oва е идеална дестинација за секој што бара одмор за здравје и благосостојба. Без разлика дали барате детоксикација за умот или телото или сакате да се разгалите во луксузен спа центар, Тајланд е добредојдена дестинација. Со здрава комбинација на топло време, бујни пејзажи, чудесна храна и прекрасно тајландско гостопримство, oваа земја нуди совршена средина за нежно да се ослободите од секој физички или емоционален стрес.

Голема е бројката на велнес одморалишта и во Индија, родното место на јогата и медитацијата, Во оваа група спаѓа и Костарика, а во оваа земја најмногу се нудат одмори фокусирани на велнес искуства базирани на природата. На пример агендата за едно осумдневно велнес патување низ оваа земја ги вклучува следниве активности:

„Посета на плантажата за кафе во заедницата и запознавање со проектот G for Good кој поддржува 200 локални фармери. Групата ќе продолжи кон „La Fortunа“, а таму ќе го запознаете светот на благосостојба, со јога сесии и со поглед кон вулканот „Arenal“. Предвидено е планинарење, слободно време за медитација и подмладувачко патување до термални топли извори. Ќе продолжиме до „Rincón de la Vieja“ за повеќе јога и терапевтско капење со кал пред последната станица во „Playa Carrillo“ – дом на плажа без згради, хотели и ресторани што ќе му дадат на вашиот ум чувство на јасност за која претходно мислевте дека е невозможно.

Овие примери укажуваат на овие нови светски трендови и искрено се надеваме дека и во Македонија ќе се земат позитивни искуства од овие, но и од други земји и ќе се вложат напори за поголем развој на велнес туризмот и во нашата земја.




Сподели на:

Слични Написи