Апартмани Хестиа Берово – Ваша нова омилена дестинација
Во Источна Македонија, покрај мирното планинско езеро и опкруженo со густи борови шуми се наоѓа прекрасно место кое го заслужува Вашето внимание. Апартманите Хестиа постојат за да Ви овозможат мир, спокој и моменти на среќа додека уживате во прошетките низ чистата малешевска природа. Доволно е само еднаш од апартманите да го погледнете мирното Беровско Езеро…

