|

Ве боли грлото? Што може да направите?

Сподели на:

Природни начини за лечење на болки во грлото

Секој човек понекогаш чувствува болки во грлото, кои може да предизвикуваат и проблеми со дишењето или голтањето. Се разбира дека доколку овие болки траат подолго време треба да го посетите вашиот доктор, но пред да го направите тоа, еве што можете да направите сами со цел да си помогнете и да оздравите на природен начин.

Како прво потребно е повеќе да одмарате, затоа што на тој начин вашето тело полесно ќе може да им се спротивстави на вирусите и бактериите. Направете си супа, најпрепорачлива е пилешката супа. Прополисот прави вистинско чудо во поглед на уништувањето на болката во грлото, а се препорачува и користење на витамин ц или цинк.

Гаргара

Еден од најпознатите начини за лечење кој го применувале нашите баби и дедовци е да направиме гаргара. Причината заради која се препорачува ова е податокот дека течноста со која правиме гаргара го лекува грлото со уништување на бактериите преку менување на киселоста до степен во кој тие веќе не можат да преживеат. Гаргара може да се направи со различни течности:

- Солената вода е еден од начините кои се најпознати кај народот. Потребно е само да растворите сол во топла вода и со тој раствор на растојание од неколку часа треба да правите гаргара. Не штедете на сол, колку повеќе во чашата, толку подобро.

– Оцетот може да помогне за намалување на болките во грлото. Една супена лажичка јаболков оцет треба да ја измешате во чаша топла вода и почнете гаргара. И оваа постапка е добро да ја повторувате повеќе пати во текот на денот.

– Гаргара може да се прави и со растителните чаеви, а зелениот чај е еден од најупотребуваните.

– Има луѓе кои болката во грлото ја лечат со тоа што во една чаша вода ќе растворат 4 аспирина и со таа течност прават гаргара на секои неколку часа;

Сподели на:

Слични Написи