Хумор за сечиј вкус

Сподели на:

Дедо и баба заминуваат од хотелот. Рецепционерот им вели:

Треба да платите 80.000 денари.
Дедо се изненади од високата цена и рече:

– Еј, чекај, ние не сакаме да го купиме хотелот! Тука бевме само 5 дена. Од каде ги најдовте овие 80.000?
Рецепционерот: -Што е со тениското игралиште?
Дедото: – Но, ние не го користевме.
Рецепционерот: – Убаво ќе беше да го користевте и да игравте тенис со бабата. Ние тоа Ви го имавме дадено како можност.
Дедото: – Што друго?
Рецепционерот: – Што ќе кажете за базенот?
Дедото: – Каков базен, ние ич не бевме таму!
Рецепционерот: – Никој не ви е крив, базенот ви беше достапен цело време.
Дедото: – Има и нешто друго?
Рецепционерот: – Да, СПА центарот?
Дедото: – Каков СПА центар? Ние не ни знаевме дека постои!
Рецепционерот: – Цело време можевте да го користите. Ви беше на располагање.
Дедото: – Штом е така, ќе ти дадам 20 000, а другите 60 000 ќе ги задржам јас, затоа што вие не ја искористивте жена ми, бабичката моја.
Рецепционерот: – Ама, никој од нас не ни помисли на тоа!
Дедото: – Јас ви ја донесов и можевте тоа да го направите. Цело време ви беше достапна.

Еден млад човек седи на клупа до девојка во паркот и цело време се мисли како да почне разговор со неа. Во еден момент, тој собра храброст и ја праша:

– Како си?
– Добра сум. – одговори девојката.

– А како е мајка ти?

– И таа е добро!

– А татко ти?

– И тој е добро.


Момчето веќе немаше никаква идеја што да каже и замолчи……по 2 минути тишина, девојката продолжи:

– Имам и баба… и дедо. Сакаш да ти кажам и тие како се?

Сподели на:

Слични Написи