Три вицови за поубав ден

Сподели на:

Виц бр. 1

Постар пар седи во градскиот парк и разговараат помеѓу себе.

Жената вели:

Маженце мое, се сеќаваш ли како ме чекаше на онаа клупа пред 40 години?

„Се сеќавам, како не се сеќавам. Еве сега пак на истото место седи некој друг идиот како мене“ – одговорил мажот.

Виц бр. 2

Саше седи во кафана и пие ли пие ракија. По неколку часа, тој веќе беше мртов пијан. Проба да стане, но едвај се држеше на нозе и почна да се ниша, де лево, де десно, и во секој момент се очекуваше да падне на земја. Во истиот момент во кафаната влезе другар му. Го виде што прави и се стрча кон него за да му помогне.

– Саше, се знаеме цели 20 години и никогаш досега не си бил толку многу пијан. Престани со пиењево, те молам! – му рече другарот.

– Ај, остави ме на мира! – викна пијаниот и продолжи да зборува: Си имам мака. Жена ми побегна со мојот најдобар пријател!

– Ама Сашо што зборуваш сега глупости? Јас сум твојот најдобар пријател!- рече другарот.
– Веќе не си! Помина твоето. Сега тој ми е најдобар пријател, оти ме спаси! – одговори Саше.

Виц бр. 3

Пред операција:

– Докторе, дали е точно дека нема да ме оперира вистински доктор, туку ќе ме оперира студент по медицина?

– Да, вистина е.

– Ама докторе, што ако згреши нешто?

– Ич не се секирај. Ако згреши, јас одма ќе му пишам двојка.

Фотографија на денот:

Сподели на:

Слични Написи

  • Три вицови за поубав ден

    Виц број 1: Под итно донеле една влаинка во брзата медицинска помош. Кога ја видел докторот веднаш ја прашал:– Пак вие дојдовте? Вчера ве спасивме затоа што сте јаделе отровни печурки, а денеска што се случи?– Истото е, докторе. Останаа од вчера неколку печурки, па си реков да не ги фрламе. Виц број 2: Трајче,…

  • Како спијат мажите?

    Од 0 до 2 години – со приказни и бајки.Од 2 до 10 години – со фантазија.Од 11 до 20 години – со музика.Од 21 до 30 години – со жена. Од 31 до 40 години – пак со жена, но туѓа.Од 41 до 50 – со секоја жена.Од 51 до 60– со електрична перница.Од 61…

  • Среќен брак

    Блажо и Наташа низ цела Македонија беа познати по тоа што беа многу години во брак и никогаш се немаа скарано помеѓу себе.Дојде денот за славење на 50 годишнината од нивниот брак. Екипа од националната телевизија разбра дека тие се брачен пар без ниту една кавга во бракот, и затоа сакаа да снимат прилог со…

  • Три вицови за поубав ден

    Виц број 1: – Кога си роден? – На 14-ти февруари. – Аааа, така значи, љубовџија си ти! – А ти кога си родена? – На 2-ри февруари. – Аааааа… Виц број 2: – Директоре, во понеделник малку ќе се задоцнам за на работа. – Кога планираш да дојдеш? – Во среда. Виц број 3:…

  • 1,2,3…Смеј се сега ти!

    Виц број 1: Се сретнуваат две жени на улица и едната на другата ѝ вели: – Леле, ама си ослабела! Која е тајната?! – Компири, кромид, пиперки, домати, краставици… – И само тоа јадеш цело време? Не јадеш месо и леб? – Ма, какво јадење, со месеци само тоа садев и копав! Виц број 2:…

  • Три вицеви за деца

    Виц број 1: Синот го прашува таткото: Тато, дали знаеш кој воз најмногу доцни? Таткото се мисли, па по некое време вели: -Тој што вози од Скопје за Битола? – Грешиш тато. Најмногу доцни возот што требаше да ми го купиш како поклон за Нова година Виц број 2: Мајката го прашува Давид:– Ги знаеше…