|

Да научиме повеќе за пингвините

Сподели на:

Аделинските пингвини живеат во карпести предели на континентот Антарктик. Во месеците септември и октомври, илјадници пингвини Адели се собираат во таканаречени колонии на карпестиот брег.
Кога ќе биде сезоната на парење со мали камчиња сами ги градат своите гнезда. Женката обично снесува две јајца во гнездото, а изведувањето се случува во месец декември.

И двајцата родители подеднакво се грижат за јајцата. Едниот од нив додека е кај јајцата за да ги чува топли, но и да ги штити од напади, другиот родител оди во морето за да најде храна и да јаде. Најмногу сакаат да јадат мали животни слични на ракчиња, риба и лигњи.

Кога пилињата ќе се изведат повторно родителите ја делат обврската околу децата. Кога малите пингвинчиња ќе наполнат 3 недели, двајцата родители се чувствуваат послободни и заминуваат заедно да бараат храна, а за тоа време пингвинчињата за да бидат посигурни се здружуваат со други мали пингвини и прават поголема група наречена јасли.

Во месец март, кога пингвинчињата Адели ќе имаат околу девет недели, нивните бебешки пердуви почнуваат да се сменуваат со нови педуви за возрасни кои се отпорни на вода. Кога ќе им се сменат пердувите, почнуваат да пливаат во морето и сами почнуваат да ловат храна.

Исто како и другите видови на пингвини, Аделите одлично пливаат. Кога пливаат изгледаат многу моќно и отмено, телото им добива налик на торпедо кога пробиваат низ водата. Нивните модифицирани крила им помагаат да се движат низ вода наместо воздух. Пингвините Адели спаѓаат во групата на птици кои се пливачи, а не знаат да летаат.

Доколку сакате повеќе да дознаете за начинот на живот на овие прекрасни животни, ви препорачуваме да го погледнете следново видео:


Сподели на:

Слични Написи