|

Убава иницијатива на крушевчани за поубави зимски празници

Сподели на:

ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ И ИЗВЕДУВАЧИ

Почитувани крушевчани, уметници, занаетчии, изведувачи и СИТЕ што ја носите празничната магија во срцето и сакате да бидете од овој убав настан – заедничко дело на сите нас… Со радост ве покануваме да бидете дел од нашата ТРАДИЦИОНАЛНА НОВОГОДИШНА ПРИКАЗНА „Празничен шепот на крушевската чаршија“, која ќе се одржи во периодот 20.12.2025 г. – 7.1.2026 г., во Градскиот парк, во срцето на крушевската чаршија.

Кого покануваме?

Занаетчии и ракотворци (уникатни подароци, накит, украсни предмети, производи од дрво, производи од текстил, керамика и сл.)🧁Производители на домашна храна и пијалаци (крушевски питулици, пити, домашен мармалад, мед, чаеви, колачи и сл.)

Уметници и изведувачи (музичари, танчари, актери, детски хорови, аниматори и сл.)

Ученици и училишта кои сакаат да се претстават со новогодишна програма или новогодишни работилници.

Што нудиме?

Волшебна празнична атмосфера; Можност за продажба, промоција и презентација на вашиот труд; Заеднички настапи и празнична програма со музика, уметност и многу изненадувања; Пријателска средина и поддршка за сите учесници.

Рок за пријавување: 10.12.2025 г.

Локација: Градски парк.

Како да се пријавите?

Испратете кратка пријава со вашето име, контакт и опис на тоа што ќе претставувате во приватна порака на страницата “Празничен шепот на крушевската чаршија”или јавете се на 📞 +38978308143

🎁 Нека биде МАГИЈА….

Организациски тим на „Празничен шепот на крушевската чаршија“

Сподели на:

Слични Написи