Најстудено во Крушево, a најмногу дожд заврна во Охрид

Сподели на:

Ова утро најниска температура од 2 степени целзиусови е измерена во највисокиот македонски град Крушево. После Крушево следуваат Берово и Маврови Анови со 5 степени, 6 во Крива Паланка и Лазарополе, 7 степени во Прилеп, Битола и Тетово, 8 во Скопје и Претор, 9 во Кавадарци, 10 степени во Велес, Виница и Штип, 10 степени во Куманово и 11 степени во Гевгелија и Струмица,

УХМР соопшти и дека според количината на врнежи измерени во изминатите 24 часа заклучно до 7 часот утрово, најмногу дожд наврнал во Охрид, 34 литри на метар квадратен.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.

Сподели на:

Слични Написи