|

Пипи Долгиот Чорап пристигна во Крушево

Сподели на:

Во детската градинка „Гонча Туфа“ во Крушево гостуваше детската театарска претстава „Пипи Долгиот Чорап“ која годинава има повеќе од 100 изведби низ детски градинки ширум Македонија.

Оваа детска претстава, базирана на култната книга од Астрид Линдгрен, ја слави слободата и непокорноста на најсилното девојче на светот – Пипи Долгиот Чорап. Еден од централните мотиви е нејзиниот отворен отпор кон сите обиди да биде вклопена во строги, возрасни рамки. Во светот на Пипи, не постои потреба од градинка, училиште или било каква установа што налага „правилно“ однесување и дисциплина.

За разлика од нејзините добро воспитани пријатели, Томи и Аника, Пипи живее сама во Вила Вилекула, каде самата си ги одредува правилата. Нејзиното одбивање да оди во градинка (или училиште) е моќна порака за правото на детето да биде свое, да ја негува својата неограничена фантазија и да ја доживее слободата на играта надвор од контролираната средина.

Претставата е хумористичен приказ за тоа како Пипи, со нејзината неверојатна сила, успешно им пркоси на возрасните кои се обидуваат да ја „поправат“, покажувајќи дека понекогаш, најсреќниот начин на живот е надвор од правилата. Сепак на крајот од преставата Пипи ја носи правилната одлука, дека добро е и таа како сите други деца да оди во градинка или да оди на училиште.

Во самата претстава децата можат да слушнат и неколку нови песнички кои специјално се компонирани за оваа детска претстава. Во следниов период претставата продолжува да гостува и низ други македонски градови.

Сподели на:

Слични Написи