Три вицови за поубав ден

Сподели на:

Виц број 1:

– Кога си роден?

– На 14-ти февруари.

– Аааа, така значи, љубовџија си ти!

– А ти кога си родена?

– На 2-ри февруари.

– Аааааа…

Виц број 2:

– Директоре, во понеделник малку ќе се задоцнам за на работа.

– Кога планираш да дојдеш?

– Во среда.

Виц број 3:

Група туристи посетија место за одгледување на крокодили. Сопственикот додека им објаснуваше им даде понуда:

– Ако некој од вас е толку храбар сега да скокне во водата кај крокодилите, да исплива до брегот и да преживее, од мене ќе добие награда од 10 000 евра.
Никој од туристите не мрда. Наеднаш, еден човек од групата скокна во водата и веднаш почна очајно брзо да плива. Крокодилите почнаа да го бркаат во водата, но тој некако успеа да им избега и стигна до брегот. Кога ја видоа таа храброст на човекот целата група почна да аплаудира, а сопственикот кој имаше ветено награда извика: „Имаме победник!!!“

Храбриот маж појде и си ја зеде наградата. Кога заврши турата, мажот заедно со жена му се вратија во хотелот. Менаџерот на хотелот веќе разбрал за храброста на гостинот и веднаш му честиташе на освоената награда.

Мажот победник му одговори:

– Ма каква храброст, јас не скокнав намерно, некој ме турна одпозади!

Кога го слушна тоа, жена му се насмеа мистериозно и рече:

– Јас бев!


Заклучок: Зад секој успешен маж стои жена која го турка напред!!!

Сподели на:

Слични Написи

  • Три вицови за поубав ден

    Виц бр. 1 Постар пар седи во градскиот парк и разговараат помеѓу себе. Жената вели: Маженце мое, се сеќаваш ли како ме чекаше на онаа клупа пред 40 години? „Се сеќавам, како не се сеќавам. Еве сега пак на истото место седи некој друг идиот како мене“ – одговорил мажот. Виц бр. 2 Саше седи…

  • Три вицови за поубав ден

    Виц број 1: Миле и објаснува на жена му како цела вечер со Крсте биле во кафана…Жена му го слуша, ништо не кажува и само ќути. И Крсте цело време седи во плакарот и ќути. Виц број 2: Си биле Aмериканец, Mакедонец и Русин. Биле на базен каде што кога ќе речат нешто, водата се…

  • Со насмевка денот е поубав

    Виц број 1: – Ана, што се случува со тебе? Беше плавуша, сега си црна. Беше слаба, а сега си дебела…..– Ама, грешка си. Јас не се викам Ана!– Ете гледаш! Сега веќе и Ана не се викаш! Виц број 2: Мартин го прашува татко му:– Тато, сакам да одам на море на одмор, но…

  • |

    Во чест на Војче Китановски

    Војче Китановски е еден од најпознатите македонски хумористи, роден е 1955 година во селото Крапа, Македонски Брод, а почина на 68 години во 2023 година. Гимназија завршил во Кичево, а дипломирал на Шумарскиот факултет во Скопје, а подоцна се здобил и со лиценца за туристички водич. Речиси целиот свој живот Војче Китаноски го посвети за…

  • Три вицеви за деца

    Виц број 1: Синот го прашува таткото: Тато, дали знаеш кој воз најмногу доцни? Таткото се мисли, па по некое време вели: -Тој што вози од Скопје за Битола? – Грешиш тато. Најмногу доцни возот што требаше да ми го купиш како поклон за Нова година Виц број 2: Мајката го прашува Давид:– Ги знаеше…

  • 1,2,3…Смеј се сега ти!

    Виц број 1: Се сретнуваат две жени на улица и едната на другата ѝ вели: – Леле, ама си ослабела! Која е тајната?! – Компири, кромид, пиперки, домати, краставици… – И само тоа јадеш цело време? Не јадеш месо и леб? – Ма, какво јадење, со месеци само тоа садев и копав! Виц број 2:…