Со насмевка денот е поубав

Сподели на:

Виц број 1:

– Ана, што се случува со тебе? Беше плавуша, сега си црна. Беше слаба, а сега си дебела…..
– Ама, грешка си. Јас не се викам Ана!
– Ете гледаш! Сега веќе и Ана не се викаш!

Виц број 2:

Мартин го прашува татко му:
– Тато, сакам да одам на море на одмор, но слушнав дека таму жените оделе многу разголени. Смеам ли да ги гледам?
– Смееш.
– И по купаќи ако се?
– Нема проблем сине, гледај слободно.
– А што ако е нудистка и се соблече скроз?
– Може и тогаш.
– А кога не смеам да гледам?
– Кога некој ќе заварува.

Виц број 3:

Две плавуши седат на кафе и озборуваат трета плавуша:
– Слушна ли, се удавила ова лето на езеро?
– Како се удавила?
– Паднала! Одела покрај езеро, се лизнала и паднала во водата.
– Па, нели знаеше да плива?
– Да, знаеше, ама некој на тоа место имал поставено знак дека пливањето е забрането и затоа таа не смеела да плива.

Сподели на:

Слични Написи