Насмевка за убав ден

Потврда
Влегува Диме во ординација и од вратата вели:
– Докторе, ми треба потврда дека не можам да работам. Докторот го прашува: „А што ти фали?“
– Па, таа потврда. – му одговара Перица.
Библиотека
Влегува полицаец во библиотека, а штом го виде библиотекарката веднаш му рече:
– Почна да врне надвор, нели?
Плачка
Мажот ја прашува жената:
– Жено кога ќе умрам, дали ќе плачеш?
– Се разбира дека ќе плачам. Ме знаеш мене каква сум. Секогаш плачам за мали ситници.
Предавање
Полицаец запира пијан човек среде ноќ.
– Каде си тргнал во ова време? – му вели.
– Одам на предавање. – одговара пијаниот.
– Како да не, ме лажеш. Кој држи предавање во ова време од ноќта?
– Па, жена ми. Ме чека дома за да почне часот.
Џентлмен
Оделе Сашо и Сашка по улица, кога надвор почнало да врне. Сашко веднаш извадил чадор од ранецот и ѝ го дал на Сашка, па ѝ рекол:
– Срцка, еве земи го чадорот за да не те врне и да не накиснеш до дома. Сашка се изненадила од љубезноста и му рекла:
– Леле, баш си џентлмен… А ти како ќе си одиш до дома? Ќе наврнеш…
– Па, јас ќе си одам со такси! – рекол Сашо.
Нерешено
Мујо го прашува другар му, Хасо:
– Еј, Хасо што би се случило кога јас би имал секс со жена ти?
– Ништо. Ќе ми изедначиш. Ќе бидеме 1:1.
Наследена интелигенција
Малото дете го прашува татко му:
– Тато, од кога јас ја наследив интелигенцијата?
– Сигурно од мајка ти, зошто јас сеуште си ја имам мојата.
Повик во полиција
– Добар ден, дали се јавив во полиција?
– Да, се јавивте во полиција.
– Кажете ми искрено дали ги прислушкувате телефонските разговори?
– Да, точно е дека ве прислушкуваме.
– Ајде тогаш помогнете ми и кажете ми што ми рече жена мѝ да купам од продавница, оти заборавив.
