Со душа за Крушево

На 21-ви јуни (сабота) во 20:00 часот во Градскиот парк во Крушево ќе се одржи интересен музички настан наречен „Со душа за Крушево”. Крушевчани и посетителите од другите места ќе можат да уживаат слушајќи ги композициите испеани од членовите на детскиот хор на француското интернационално училиште „Ефис“ под водство на филхармоничарот – уметник Виктор Илиески. Илиески ќе ги придружува младите интерпретатори на пијано со изведба на прекрасни француски, англиски и македонски песни.
Децата од хорот кои доаѓаат од најразлични држави од светот ќе изведат песни на 3 различни јазици, а преку песните испраќаат пораки за мир во светот, заедништво, меѓусебно разбирање љубов и почитување.
На концертот ќе се придружи и победничката за 2025 година на француски шансони во Македонија – Нина Лазаревска.
Планиран е настап и на младиот хорнист Кирил Митрески.
Концертот е поддржан од Општина Крушево, помогнат од ТТК Банка, а се организира од Виктор Илиески заедно со Здружението на граѓани „Културен манифест“ од Крушево.
