Прилепчани се подготвени за најновиот карневал „Прочка 2025“

Сподели на:

Во „Градот под Марковите кули“ со нетрпение се очекува овој викенд, а причината е јасна. Традицијата треба да продолжи! Време е за прилепскиот карневал „Прочка 2025“! Програмата започнува во петок на 28 февруари со изложбата на рачно-изработени маски во 12:00 часот во Ликовниот салон на НУЦК „Марко Цепенков“.

Во сабота, на 1 март во 12:00 часот ќе се одржи презентација на традиционалниот обичај, амкањето, во организација на здружението „Преродба“ на платото кај Градскиот Саат, a на истата локација ќе има и Robbie Ray Show.

Во недела, на 2 март, нѐ очекува централната манифестација односно Карневалската поворка и самиот Карневал. Поворката ќе тргне во 12:00 часот пред НУЦК „Марко Цепенков“, ќе се движи по булеварот „Гоце Делчев“ и ќе заврши на Плоштадот „Методија Андонов Ченто“ каде официјално ќе започне Карневалот „Прочка 2025“. Ќе има многу маски, а за да биде уште поинтересно ангажирани се и жонглери, акробати, кловнови, куклари, а ќе има и многу други изненадувања!

Традиционалниот ручек и одбележувањето на „Чист Понеделник“ заедно со здружението „Прилепски Мечкари“ ќе биде на 3 март во понеделник, во 12:00 часот на манастирот Св. Ѓорѓија во селото Присад.

Организаторите Ви порачуваат: „Ве очекуваме во што поголем број да го одбележиме празникот Прочка!“

Во продолжение Ви ја презентираме и официјалната програма:

Сподели на:

Слични Написи