Пари за бабите и дедовците во Хрватска ако ги чуваат своите внуци

Во хрватскиот град Самобор од пред неколку месеци е воведена услугата „баба-дедо сервис“ што подразбира обврска на бабите и дедовците да ги чуваат нивните внуци, но за тоа и да бидат платени во износ од 360 евра месечно за едно дете. Износот од 360 евра по дете месечно, е ист со субвенциите за сместување на деца во приватни градинки и бизнисите за ангажирање на дадилки. Иницијаторите на оваа идеја истакнуваат: „Љубовта кон внуците не може да се мери, не е доведена во прашање и не може да се плати, но преку оваа мерка ќе ги наградиме бабите и дедовците за нивниот придонес за чување на децата.
Поаѓајќи од позитивните ефекти од оваа мерка сега во уште еден хрватски град Крижевци веќе се промовира идејата за воведување на истата услуга и најавуваат дека за чување на едно дете од општинскиот буџет планираат да издвојат 250 евра месечно. За да го остварат ова право, бабите и дедовците мора да бидат пензионери, а детето на возраст од една и четири години не смее да биде запишано во градинка. Со оваа мерка се планира да се намали проблемот со недостаток на капацитет за сместување во градинките. Исто така, важно е да се напомене дека горенаведената мерка е планирана како дополнителен избор за родителите, а не како замена за капацитетите на градинките. Шведска е земјата која им е пример на овие два хрватски града за да ја воведат оваа мерка за плаќање на бабите и дедовците кои ќе ги чуваат нивните внуци.
Видео: https://www.youtube.com/watch?v=cLnhswNZHeM
Забелешка: Веста е преземена од хрватски онлајн медиум: https://www.mirovina.hr/novosti/jos-jedan-hrvatski-grad-uvodi-placanje-bakama-i-djedovima-za-cuvanje-unuka/
