|

Делегација на Општина Крушево во посета на Кина

Сподели на:

Претставници на Општина Крушево, заедно со директорот на ЈП „Комуна“ – Крушево Благојче Јанески, деновиве престојуваат во официјална работна посета на Нингбо, Народна Република Кина.

Целта на оваа посета е размена на добри практики, воспоставување соработка и запознавање со современите глобални стандарди во сферата на екологијата, комуналното управување и туризмот.

Делегацијата оствари посета на реномираната фабрика за трансформација на отпадот во енергија Ningbo Dongqiao Environmental Protection, каде одблиску се запозна со овој напреден процес (Waste-to-Energy).

Ова искуство е од исклучително значење за лоцирање на нови, еколошки решенија за управување со отпадот во нашата општина. Од општината истакнуваат дека ќе продолжат со градење меѓународни партнерства кои носат нови перспективи, знаења и развој за нашето Крушево!

Сподели на:

Слични Написи