Што се случува кога бебе ќе се роди во авион?

Сподели на:

Деби Овен претпостави дека летот на „Бритиш ервејс“ од Брегот на Слоновата Коска до Лондон ќе биде едноставен и ќе заврши по само 7 часа лет. Но, ништо не испадна според нејзините очекувања, зошто токму тој лет и го смени животот засекогаш. Во седмиот месец од бременоста, Деби патуваше сама назад во Велика Британија со својата четиригодишна ќерка Клер, а сопругот Данкан остана во Африка. Но, не помина многу време по полетувањето кога почнаа грчевите кои набрзо се претворија во контракции. Пред да се качи на авион Деби беше на преглед кај својот лекар и доби одговор дека е безбедна за патување. Сепак, беше јасно дека нејзиното второ дете планира порано пристигнување. Екипажот се грижеше за мајката, а еден холандски лекар кој патуваше со истиот авион се погрижи породувањето да биде безбедно. Бебето се роди безбедно и се вика Шона (Shona Kirsty Yves) или SKY (Небо).

Овае приказна е напишана во светски познатото списание Conde Nast Traveller кое наведува дека истото ова бебе денес е веќе возрасна жена. Шона денес има 30 години и нејзиниот случај ја поттикна да создаде веб-страница која ќе се занимава со истражување на сите случаи на родени бебиња во авион. Првото раѓање на Virgin Atlantic на 36.000 стапки се случило во 2004 година. Бебето било именувано Вирџинија, а фирмата именувала авион во нејзина чест. Осум години подоцна, на лет до Јоханесбург додека летал авион од истата авио компанија се родило уште едно машко бебе. На 19 јануари 2023 година на 12 часовен ноќен лет на „Емирати“ од Токио завршил со еден патник повеќе, односно се родило бебе.

Шона ја откри приказната за првото такво бебе, а го пронајде во еден нејасен исечок од весник од Флорида кој датира од 1929 година. „Таткото беше ентузијаст за авиони и доктор чија сопруга беше во поодмината бременост, па кога сопругата почувствува дека е пред породување, тие се качија во неговиот авион и продолжија да кружат на 2.000 стапки сè додека не се породи“. Во своите истражувања Шона пронајде приказна што вклучуваше раѓање на близнаци – од кои едното се роди во лет, а другото по слетувањето. И, за жал, имало најмалку три случаи каде што бебиња се родени во тоалетите на авионите и се напуштени од нивните мајки. Интересно е што нема официјални податоци што ги поседуваат авиокомпаниите, медицинските здруженија или индустриските тела како Меѓународното здружение за воздушен транспорт за бебињата родени на небото. Сепак, според студија од 2020 година објавена од Меѓународното здружение за патничка медицина, 74 бебиња се родени на комерцијални летови помеѓу 1929 и 2018 година, од кои 71 го преживеале породувањето.

Вакви раѓања се случуваат кај приближно еден од секои 26 милиони патници, според фирмата за медицинска поддршка во воздухопловството MedAire. Од истата фирма истакнуваат: „Породувањето во лет е многу, многу ретко. Породувањето во авион не е најдоброто место затоа што воздухот е пореток, па затоа е потешко бебето да дише“.

Се проценува дека 70 луѓе ширум светот се познати како небесни породувања, односно се категоризирани како „небесни родени“ – родени на небото.

Какви постапки се преземаат во авион за полесно породување

Постапките за породувања во лет не се формализирани, но најчесто патникот може да биде преместен на попространо и поудобно седиште во бизнис, прва класа, или да му се исчисти простор во кујната. Итно слетување на авионот е малку веројатно затоа што би биле потребни минимум 45 минути за да се однесе патникот од, да речеме, 39.000 стапки до болница. Оваа опција е незгодна за другите патници, скапа за авиокомпанијата и го нарушува распоредот на авионот. Наместо тоа, кабинскиот екипаж ќе дејствува како ad hoc акушерки додека авионот се движи со брзина кон неговата оригинална дестинација.

Некои авиокомпании одбиваат да превезуваат жени по 36 недели од бременоста, додека други ќе ги прифатат до 40 недели со соодветни медицински белешки.

Какво државјанство добиваат децата родени во авион?

Не постои универзално правило, но имајте предвид дека авионот се смета за почва на таа земја, што значи дека авионот е врзан за земјата во која е легално регистриран, според Конвенцијата за намалување на бездржавјанството од 1961 година. Во повеќето случаи, децата го добиваат државјанството на своите родители преку конвенцијата за jus sanguinis, или право на крв. Ова е политиката што најчесто се следи, иако некои земји се придржуваат до алтернативниот концепт на jus soli, или право на почва, кој му доделува државјанство на детето според локацијата каде што е родено. Единствениот пат кога правилата од Конвенцијата од 1961 година стапуваат на сила е во ретките прилики кога детето инаку би било без државјанство, во тој случај, земјата на потекло на авиокомпанијата ќе го одреди пасошот. Според американскиот Стејт департмент, дете родено во меѓународни води треба да го наведе местото на раѓање како „на море“, ако детето е родено во лет во регион што ниедна земја не го бара, тој или таа официјално би се класифицирале како родено „во воздух“. САД доделуваат државјанство на секое дете родено во авион над територијата на САД или во рамките на нивниот воздушен простор.

Авио компаниите на чии летови се родиле бебиња најчесто ги наградуваат бебињата до бесплатни летови со нивната авио компанија до 18-от роденден, а има и случаи кога бебињата добиваат право и доживотно бесплатно летање со истата авио компанија.

Сподели на:

Слични Написи