Куќи по 1 евро во Сицилија – привлечна понуда што оживеа едно гратче

Во малото италијанско гратче Sambuca di Sicilia, сместено во срцето на островот Сицилија, локалните власти пред неколку години покренаа необична иницијатива – продажба на стари куќи по симболична цена од само 1 евро. Целта на проектот беше едноставна: да се оживее малото место кое како и многу други рурални региони во Италија, страдаше од одлив на население и празни куќи.
Има голем интерес од целиот свет
Едно евро е почетната цена за секоја куќа, а потоа заинтересираните купувачи се наддаваат. Првата аукција во 2019 година привлече над 110 000 барања од заинтересирани купувачи од целиот свет дури и од САД и Јапонија.
Досега, според податоците на градот досега се продадени повеќе од 250 куќи, што донесе значителен финансиски прилив и нов живот во локалната економија.
Минатата 2024 година, градот ја обнови иницијативата, но сега почетна цена се зголеми од 1 на 3 евра по куќа. Се повтори огромниот интерес за купување на стара куќа.

Но, има и неколку услови за купувачите
Иако цената на хартија звучи многу примамливо, сепак понудата доаѓа со одредени обврски:
Купувачите мора да депонираат околу 5.000 евра како гаранција.
Куќите се стари и во запуштена состојба, па купувачите мора да започнат реновирање во рок од 3 години.
Проценетата цена за обновување се движи меѓу 15.000 и 30.000 евра, во зависност од состојбата на објектот.
Колкумина навистина се преселиле?
Иако официјалните бројки за преселените жители не се објавени, некои извори наведуваат дека десетици семејства од различни земји веќе се населиле во Sambuca.
Поголемиот дел од куќите, сепак, се купени од странци кои ги користат како викенд куќи или инвестираат во руралниот туризам. Градот веќе бележи зголемен број на посетители, се отворија нови бизниси и има поголем интерес за локалната култура – што ја прави иницијативата успешна од економски аспект.

Мал град со голема приказна
Sambuca di Sicilia денес често го нарекуваат „селото на соништата“ – место каде што една мала идеја стана светски феномен.
Иако не е голема бројката на нови жители кои навистина се преселиле трајно, проектот успеа во најважното – да ги врати надежта, животот, интересот и насмевките во едно заборавено малечко гратче.
Извори:
Euronews, CNBC, NDTV, Idealista и Iris Unipa.
Фотографиите се преземени од официјалната страна на општината: Comune di Sambuca di Sicilia:

